Centar.mk
фотографијата е генерирана со АИ за потребите на Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Ова се донесените одлуки на Уставниот суд по денешната седница

Уставниот суд денеска ја одржа 22. седница на која дискутираше за осум иницијативи за оценување на уставност и законитост, две барања за заштита на слободи и права и два предлога за донесување на одлуки.

I. ИНИЦИЈАТИВИ ЗА ОЦЕНУВАЊЕ УСТАВНОСТ И ЗАКОНИТОСТ

1. Реферат У.бр.176/2024

Судот не поведе постапка за оценување на уставноста на член 141-а од Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги („Службен весник на Република Македонија“ бр.184/2013, 13/2014, 44/2014, 101/2014, 132/2014, 13/2016, 142/2016, 132/2017, 168/2018, 248/2018 и 27/2019 и „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.154/2019, 42/2020, 90/2020, 140/2020, 2/2021, 48/2021, 77/2021, 154/2023, 55/2024 и 193/2024) и ја отфрли иницијативата за оценување на уставноста на член 16 од Законот за изменување и дополнување на Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.55/2024).

Подносител на иницијативата: Адвокат Љупчо Докузов

2. Реферат У.бр.29/2025

Судот не поведе постапка за оценување на уставноста на член 113 во делот „од први јули 2019 година“ од Законот за тутун, производи од тутун и сродни производи („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.98/2019, 20/2020 и 56/2021).

Подносител на иницијативата: Игорчо Точев
3. Реферат У.бр.42/2025

Судот поведе постапка за оценување на уставноста на член 20-а став 3 од Законот за технолошки индустриски развојни зони („Службен весник на Република Македонија“ бр.14/2007, 103/2008, 139/2009, 156/2010, 172/2012, 41/2014, 160/2014, 72/2015, 129/2015, 173/2015, 192/2015, 217/2015, 30/2016, 83/2018 и „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.13/2023 и 59/2025) и не поведе постапка за оценување на уставноста на член 19 став 1 во делот „управува“ од Законот за технолошки индустриски развојни зони („Службен весник на Република Македонија“ бр.14/2007, 103/2008, 139/2009, 156/2010, 172/2012, 41/2014, 160/2014, 72/2015, 129/2015, 173/2015, 192/2015, 217/2015, 30/2016, 83/2018 и „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.13/2023 и 59/2025).

Подносител на иницијативата: Игорчо Точев

4. Реферат УЗ.бр.25/2025

Судот ја отфрли иницијативата за поведување постапка за оценување на уставноста и законитоста на Правилникот за начинот на уништување на документи и начинот на уништување, бришење и чистење на медиумот во Агенцијата за супервизија на капитално финансирано осигурување („Службен весник на Република Македонија“ бр.124/2013).

Подносител на иницијативата: Игорчо Точев

5. Реферат У.бр.138/2021

Судот поведе постапка за оценување на уставноста и законитоста на Одлуката за донесување на Детален урбанистички план за градска четврт ССИ 03, Блок ССИ 03.07, Општина Бутел и Општина Карпош, Скопје, бр.09-6947/3 од 12.10.2021 година („Службен гласник на Општина Карпош“ бр.19/2021); Одлука за донесување на Детален урбанистички план за градска четврт ССЗ 02, Блок 06, Општина Карпош – Скопје, бр.09-6334/4 од 16.09.2021 година („Службен гласник на Општина Карпош“ бр.15/2021); Oдлука за донесување на Детален урбанистички план за Блок 9 од градска четврт ССИ 03, Општина Карпош и Општина Чаир бр.09-6334/5 од 16.09.2021 година („Службен гласник на Општина Карпош“ бр. 15/2021); Одлука за донесување на Детален урбанистички план за градска четврт 3 06, Блок 3 06.09 Општина Карпош, Скопје, бр.09- 5967/7 од 30.08.2021 година („Службен гласник на Општина Карпош“ бр. 13/2021); Одлука за донесување на измена и дополна на Детален урбанистички план за градска четврт ЦС 15-Криви Дол Блок 1, Општина Карпош – Скопје бр.09-5017/6 од 15.07.2021 година („Службен гласник на Општина Карпош“ бр.10/2021); Одлука за донесување на Детален урбанистички план за градска четврт ССИ 03 блок 02, Општина Карпош и Општина Бутел, Скопје бр.09-2334/7 од 09.04.2021 година („Службен гласник на Општина Карпош“ бр.7/2021) и Одлука за донесување на Детален урбанистички план за градска четврт 304, Блок 04.02 Општина Карпош – Скопје бр.09-6997/8 од 12.11.2020 година („Службен гласник на Општина Карпош“ бр.20/2020).

Подносители на иницијативата: Невена Георгиева и Татјана Чакулев

6. Реферат У.бр.201/2024

Судот поведе постапка за оценување на уставноста и законитоста на Одлуката за утврдување правила во урбанистичкото планирање и спроведување на параметри во рамки на дефинирана градежна парцела за реализација и спроведување на урбанистички план бр.08- 7099/17 од 12.06.2024 година, донесена од Советот на Општина Тетово („Службен весник на Општина Тетово“ бр.7/2024).

Подносител на иницијативата: Даријан Сотировски

7. Реферат У.бр.260/2024

Судот не поведе постапка за оценување на уставноста и законитоста на точка 32 од дел III од Годишната програма за финансирање на изработка на урбанистички планови за 2025 со број 80.868/6 од 4 февруари 2025 година („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.25/2022).

Судот ја отфрли иницијативата за оценување на уставноста и законитоста на точка 35 од дел III од Годишната програма за финансирање на изработка на урбанистички планови за 2024 со број 41-805/4 од 16 јануари 2024 година („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.15/2024, 160/2024 и 226/2024).

Подносител на иницијативата: Игорчо Точев

8. Реферат У.бр.265/2024

Судот ја отфрли иницијативата за оценување на законитоста на Соопштение бр.02-763/1 од 10.06.2024 година, донесено од страна на претседателот на Стоматолошка комора на Македонија

Подносител на иницијативата: Жарко Ѓорѓиев, претседател на Здружение на приватни стоматолози

II. БАРАЊА ЗА ЗАШТИТА НА СЛОБОДИ И ПРАВА

У.бр.258/2024

Предмет: Барање за заштита на слободите и правата на граѓаните согласно членот 110 алинеја 3 од Уставот кои се однесуваат на забрана од дискриминација на граѓаните, по основ на расна и национална припадност.

Подносители на барањето: У. Н и други
Судот го одби барањето на У. Н. и други од Прилеп, за заштита на слободите и правата од член 110 алинеја 3 од Уставот на Република Северна Македонија кои се однесуваат на забрана на дискриминација на граѓаните по основ на расна и национална припадност.

БЗСП бр.4/2025
Судот го отфрли барањето на Александар Насковски од Скопје за заштита на слободите и правата на човекот и граѓанинот од член 110 алинеја 3 од Уставот на Република Северна Македонија што се однесуваат на забраната на дискриминација по основ на работен статус, заштита на правото на слободно изразување, правото на мирно собирање и изразување на јавен протест.

III. ПРЕДЛОЗИ ЗА ОДЛУЧУВАЊЕ СО НАЦРТ-ОДЛУКИ
1. У.бр.268/2024
Судот го поништи член 46 став 7 од Правилникот за распределба на авторските надоместоци („Службен весник на Република Македонија бр.141/2014 и 36/2016 и „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.147/2023, 263/2023, 286/2023, 135/2024, 218/2024 и 275/2024).

У.бр.268/2024

2. УЗ.бр.6/2025
Судо ја укина Одлуката за донесување на Предлог-Деталниот урбанистички план за нас. „ДЕВЕАНА“ УЕ „Д“ Блок „Д5“ – дел, за плански период 2018- 2023(1ха) – Општина Кичево бр. 08-1747/18 од 18.07.2023 година („Службен гласник на Општина Кичево“ бр.VII/2023 од 19.07.2023 година).

УЗ.бр.6/2025

Можеби ќе ве интересира

ЗАКАНИ СО ОСТАР И ТВРД ПРЕДМЕТ ВО КАРПОШ – На 15-годишник му одзеле лични предмети

ДЕСК

УАПСЕН 27-ГОДИШНИК ВО ДРАЧЕВО – Пријавен за напади врз патници, возач и полицајци

ДЕСК

УДРИЛ ВО ВОЗИЛО НА МВР И НАПАДНАЛ ПОЛИЦАЈЦИ – Кривична пријава против 27-годишник

ДЕСК