Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Европскиот парламент ја поддржа забраната за увоз на руски гас и нафта

Европскиот парламент ја поддржа одлуката за почнување преговори со данското претседателство на Советот на ЕУ за забрана за увоз на руски гас и нафта, како што предложија комисиите за меѓународна трговија и индустрија, истражување и енергетика минатата недела.

Двете парламентарни комисии одобрија нацрт-план за суспендирање на увозот на руски природен гас преку цевки и течен гас од 1 јануари, со мали исклучоци за краткорочни договори склучени – до 17 јануари, и долгорочни договори – до 1 јануари 2027 година, под услов да се склучени пред 17 јуни 2025 година и да останат непроменети.

Преговарачите од Европскиот парламент и од Советот ќе почнат дискусии за постигнување договор на прво читање./Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

Трамп за уривањето на дел од Белата куќа: „Тоа е музика за моите уши“

C +

Повторно отворена Амбасадата на Србија во Киев

C +

„Лувр“ повторно отворен, крадците сè уште во бегство

C +