Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Ужас и невиден скандал во студентскиот Гоце Делчев: Снимана и сликана девојка додека се туширала

Резултатите во живо може да се следат преку Centar.mk со клик на овој линк.

Со најголема вознемиреност и гнев реагираме на информацијата за снимање и сликање на студентки во бањите на студентскиот дом „Гоце Делчев. Ова не е „несреќен случај“ или „непромисленост“, туку акт на сексуално насилство и повреда на основните човекови права, порачаа од Универзитетското студентско собрание при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ – Скопје (УСС-УКИМ) по информацијата на МВР дека студентка била снимана со телефон додека се туширала.

„Она што најмногу вознемирува не е само делото само по себе, туку фактот што ваквите ситуации повторно покажуваат колку е небезбеден просторот што треба да биде дом за младите, идната интелектуална и академска сила на нашата држава. Зад ваквото однесување стои систем што не ја препознава безбедноста на жените како приоритет, како и култура што често молчи пред понижувањето и траумата што тие ја преживуваат.

Бараме итна и темелна истрага, одговорност од сите инволвирани институции и јасен план за заштита на студентките. Без одложување треба да се воспостават безбедносни протоколи, психолошка поддршка и механизми за пријава на вакви случаи, и задолжителни обуки за родова чувствителност за управите на домовите.

Нашите студентски домови мора да бидат катчиња на сигурност, не на страв.

Секој кој мисли дека има право да ја наруши приватноста и да го сексуализира телото на една идивидуа треба да знае — ќе одговара;

Овој случај ја разоткрива итната потреба од промена на културата што дозволува насилството врз жените да биде премолчено. Академската заедница има морална и институционална обврска да се постави против секоја форма на деградација и злоупотреба на женското тело.

Безбедноста на студентките не е административна категорија.

Ниту една жена не треба да се срами што некој ѝ ја повредил интимноста.

Срамот треба да смени страна“ соопштија од УСС УКИМ на социјалните мрежи.

Претходно МВР соопшти дека 16.10.2025 во 20:10 часот во СВР Скопје, 22-годишна девојка од Прилеп, со престој во студентски дом на подрачјето на Карпош, пријави дека на 16.10.2025 околу 17:00 часот, додека се туширала забележала телефон над параваните.

Според пријавата, лице(22) од Богданци, ѝ кажал дека тој ги направил фотографиите.

Лицето е приведено во Полициска станица, а одземени му се лап топ и компјутер. СВР Скопје презема мерки за расчистување на случајот.

Можеби ќе ве интересира

Серија сомненија за кривични дела поврзани со изборите во Македонија

ДЕСК

До 18 часот и 30 минути, 46,65% од граѓаните гласале на изборите

ДЕСК

Сиљановска-Давкова гласаше на првиот круг од локалните избори 2025 година

ДЕСК