Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
-МАКЕДОНИЈА

ИЗБОРНИ НЕРЕГУЛАРНОСТИ: 20 пријави за нарушување на изборниот молк, на 47 профили на социјални мрежи се агитирало

За време на предизборниот молк, во текот на 18.10.2025 до 07:00 часот на 19.10.2025, односно до отворање на избирачките места, регистрирани се 20 пријави за нарушување на изборниот молк од кои шест на подрачје на СВР Скопје, четири на подрачје на СВР Куманово, потоа СВР Велес – три, по два настани на подрачје на СВР Охрид, СВР Штип и СВР Битола и еден на подрачје на СВР Струмица. По преземени мерки не се потврдени пријавите за 15 настани.

Покрај ова, регистрирани се 47 објави на социјалните мрежи за време на изборниот молк кои се однесуваат на повик за гласање за одредени кандидати, како и објавени видеа и слики од партиски активности во штабови.

На сите подрачја гласањето на болни и изнемоштени лица и затвореници помина без нарушување на гласањето, регистриран е само еден настан.

Можеби ќе ве интересира

20,08 отсто излезност до 13 часот – Најголема излезност во Чашка

ДЕСК

Јавно Обвинителство: Погрешно испечатени ливчиња во Ново Село и наводи за поткуп во Велес, Прилеп, Крива Паланка и Свети Николе

ДЕСК

Гласањето се одвива мирно, без поголеми нарушувања на јавниот ред и мир

ДЕСК