14. октомври 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
фотографијата е направена со помош на AI/за потребите на Centar.mk
СВЕТ

Алармантни податоци: СЗО предупредува на растечка закана

Отпорноста на антибиотиците се зголемува со загрижувачко темпо и станува една од најголемите закани за јавното здравје, покажува новиот извештај на Светската здравствена организација (СЗО), објавен денес.

Секој шести случај на бактериска инфекција во светот е отпорен на стандардни антибиотици, што значително го отежнува лекувањето.

СЗО укажува дека од 2018 до 2023 година е забележано повеќе од 40% зголемување на отпорноста кај најкористените антибиотици, со годишен раст од пет до 15 проценти. Глобалниот систем за надзор ги следел перформансите на 22 клучни антибиотици што се користат за третман на инфекции предизвикани од осум бактериски патогени, меѓу кои инфекции на уринарниот тракт и гонореја.

Опасноста е уште поголема ако се земе предвид фактот дека антибиотската резистенција во 2019 година директно одзела 1,27 милиони животи, а индиректно придонела за уште 4,95 милиони смртни случаи, се наведува во извештајот.

Европа моментално има второ најниско ниво на антибиотска резистенција во светот – 10,2 проценти, под глобалниот просек од 17,2 проценти. Најголем ризик, според СЗО, претставуваат грам-негативните бактерии, кои предизвикуваат најтешки и најопасни инфекции.

Можеби ќе ве интересира

Жестоки судири на авганистанско-пакистанска граница

C +

Трамп утре ќе се сретне со семејствата на заложниците кои ги држи палестинската милитантна група Хамас

C +

Израел ќе го насочи фокусот кон уништување на тунелите во Газа

C +
error: Соддржината е заштитена.