13. октомври 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
Uncategorized

Симонов: Приоритет е енергетски ефикасна општина и борба против регионална депонија

Во рамки на предизборните активности, народните средби на кандидатите за советници заедно со лидерот на Левица, Димитар Апасиев, денес продолжија во Свети Николе. Сѐ поголемата поддршка од народот е очигледна во непосреден контакт со граѓаните.

На средбите со граѓани, носителот на листа, Александар Симонов истакна:

„Веќе влегуваме во последната четвртина од изборната кампања. Воглавно имаме многу позитивни реакции за она што го правиме. Главниот фокус во Општина Свети Николе е на енергетските проекти. Сметаме дека преку енергетски ефикасна општина можеме многу да заштедиме и да го зголемиме буџетот на општината. Во фокус секако, традиционално за нас, остануваат социјалните политики.“

Левица во Свети Николе, како едно од клучните прашања, го истакнува прашањето за борбата против регионална депонија кое ги таргетира граѓани, но како што истакна Симонов ќе се залагаат и за сите инфраструктурни проекти вклучително и во руралните средини. Како многу значајно прашање ја издвои можноста за рурален доктор и „давање медицинска помош на старите и изнемоштени лица кои живеат надвор од градското јадро“, рече тој.

Можеби ќе ве интересира

Ристески: Четири години на ВМРО-ДПМНЕ, четири години застој, разочарувања и нула резултати во Аеродром!

ДЕСК

Доаѓа пресврт за еден хороскопски знак – успех во љубовта, работата и парите

ДЕСК

Филипче до Мицкоски: Никој не се плаши од тебе, твоите закани се израз на страв и слабост

ДЕСК
error: Соддржината е заштитена.