13. октомври 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
-МАКЕДОНИЈА

Филипче: Политички кукавици се оние кои наместо да ги решаваат проблемите тие манипулираат

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, вечерва од Радовиш на граѓанската трибина „Се бориме за нашиот дом“ на радовишани им порача дека после година и пол власт на ВМРО-ДПМНЕ јасна е разликата за граѓаните помеѓу СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ. СДСМ носи функционални институции и развој, а ДПМНЕ стагнација и притисоци.

„Денес после година и пол е јасно дека ВМРО-ДПМНЕ не ја заслужува довербата на луѓето. Се докажа и дека не сме исти. Дека во суштина нашите политики се разликуваат. Кога СДСМ е на власт, има институции, дијалог, сигурност. Кога ВМРО-ДПМНЕ владее, закани, партиски списоци и притисоци. Кога граѓаните зборуваат и бараат помош, ние реагираме. Преговараме, бараме решенија, а тие ги игнорираат и ги заплашуваат. Едноставно тоа се политички кукавици и политиканти кои не ги решаваат проблемите туку манипулираат. И затоа не сме и не можеме да бидеме исти“, им порача Филипче на радовишани.

Претседателот Филипче рече дека денес државата е повторно ставена пред закана закана од ВМРО-ДПМНЕ, кои ја туркаат во изолација, назадување, узурпација и режим за што е потребен силен СДСМ, да се спротивстави на овие закани.

„Затоа, сега е време за борба, борба за нашиот дом, за нашата куќа и заедно да ја исправиме државата. Да се бориме за секое едно маало, за секој сосед и неговите проблеми, за секое дете кое живее во сиромаштија, да се бориме и за секоја улица, се бориме за чист воздух, за секој работник и работничка која чесно живеат од својата плата“, порача Филипче.

Притоа тој ги повика граѓаните во Радовиш на 19 октомври да го заокружат бројот 5 кој гарантира успех и напредок. Со СДСМ, рече претседателот Филипче, Радовиш ќе ги реализира ветените проекти кои ќе го подобрат животот на граѓаните и ќе ги задржи младите во градот и државата.

Можеби ќе ве интересира

Филипче од Струмица: Сум ги гледал луѓето во очи кога им било најтешко, верувам дека на секој мора да му се помогне

ДЕСК

Филипче од Струмица: Македонија не може да ја води Мицкоски, човек без компас и без човечност!

ДЕСК

Павле Трајанов најави победа на советничката листа на Демократски сојуз во Конче

ДЕСК
error: Соддржината е заштитена.