12. октомври 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
-ЛОКАЛНО

Герасимовски: Опожарените бараки кај „Партизан“ заминуваат во историја, го враќаме просторот во функција на граѓаните

Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, изврши увид во активностите за целосно отстранување на опожарените бараки во кои беше сместен поранешниот Суд за прекршоци, кај салата „Партизан“ во Градски парк, Во рамки на акцијата се отстрануваат темелните бетонски плочи и армираните конструкции врз кои беа поставени бараките, како и отпадот што со години се таложел на локацијата.

„Овој простор, претворен во мини депонија , претставува потенцијална опасност за здравјето и безбедноста на жителите. Напуштените бараки, во кои се собираа бездомници, неколку пати беа опожарени. Наша цел е локацијата да ја исчистиме, уредиме и повторно да ја ставиме во функција на граѓаните,“ изјави градоначалникот Герасимовски.

Се работи за површина од околу 1.000 квадратни метри, во државна сопственост, која со децении е нефункционална и запуштена.

Според важечкиот ДУП и новиот ДУП што е во изработка, на предметната локација е предвидена класа на намена В1 – образование и наука, односно основно училиште.

Можеби ќе ве интересира

Герасимовски: Срамно, намерно се остава смет покрај празни контејнери за црна кампања, но ќе исчистиме

ДЕСК

СДСМ: Црната кампања на ДПМНЕ прерасна во паника– со лаги се обидуваат да го прикријат хаосот во енергетиката и во РЕК

C +

Демант на Спасовски: Никогаш не сум спречил контрола, ДПМНЕ во очаен обид да ја прикрие вистината за Кочани

C +
error: Соддржината е заштитена.