9. октомври 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ПРОМОБИЗНИС

Скопје, за прв пат, домаќин на есенска ротаракт конференција

Првата есенска ротаракт конференција „Rotaract European Meeting“ (REM), која се одржа во Скопје, хотел Александар Палас, собра 265 учесници од 34 земји од целиот свет. Заедно со локалните ротаракторци бројката достигна oколу 300 лица. Настанот ги здружи ротаракт клубовите ширум Европа и создаде плодна почва за размена на идеи и зацврстување на меѓународната соработка.

Во организација на Ротаракт Скопје и Ротаракт Скопје Центар, клубови со долгогодишна традиција на волонтерски и младински активности, настанот доживеа триумфалност. Со своите иницијативи, овие клубови создаваат долгорочни позитивни промени во заедницата, поттикнувајќи ги младите да учествуваат во општествено значајни активности и да градат силни врски меѓу ротаракт клубовите во регионот и пошироко.

Во рамки на конференцијата се реализираа повеќе работилници, каде учесниците имаа ексклузивна можност да се сретнат со ротаракторци и експерти од различни земји и да научат од нивните свежи искуства, меѓу кои Rotaracting for Peace: “How Rotaractors can develop and inspire projects for impact” со Patricia Shafer од САД, From purpose to legacy – “A Rotaractor’s Journey of Impact”со Emil J. Moawad од Либан, The 6% challenge со Alisia Walter и EndPlasticSoup со Ilya Shcharbitski од Холандија.

„Посебно внимание привлече социјалниот проект реализиран во соработка со иницијативата „Ретвитни Оброк” и здружението „Љубезност”, во рамки на кој учесниците подготвија 280 оброци за бездомни и социјално загрозени лица. Подготовката на оброците се одвиваше во просториите на Виталиа, а подоцна беа доставени до локални засолништа и лица без дом”, велатод организацискиот тим на ротаракт конференцијата.

Покрај официјалниот дел, учесниците имаа можност да го откријат културното и природното наследство на Македонија – со посета на Матка, пештерата Врело, православниот храм „Св. Пантелејмон” и туристичкиот комплекс „Македонско Село”.

Организатори на настанот се Ротаракт Скопје и Ротаракт Скопје Центар, во соработка со Ротаракт Камен Мост, Ротари Скопје, Ротари Скопје Центар, Ротари Скопје Камен Мост, Ротари Скопје Запад и Ротари Скопје Милениум. Настанот е реализиран со примарна поддршка од Виталиа, како и од Винсент Графика и Алкалоид.

Можеби ќе ве интересира

Поскапеа цигарите, поскапуваат пратките од Тему и Али Експрес, а цените во маркетите — до плафон

ДЕСК

Колку ќе чини доларот, а колку еврото во петок? Курсна листа за 10-ти октомври 2025

ДЕСК

Министерството за финансии потврди дека ќе се оданочуваат и малите пратки до 22 евра – Законски измени за ДДВ во насока на поддршка на домашната економија и компаниите

ДЕСК