8. октомври 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Филипче: Кога нема резултати власта посегнува по црни кампањи, никако да разберат дека се прочитани

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, вечерва од Валандово каде продолжува изборниот караван со граѓанската трибина „Се бориме за нашиот дом“, порача дека неспособноста и безидејноста на владата е прочитана и затоа власта посегнува по црни кампањи.

„ВМРО-ДПМНЕ не испорача резултати туку се сликаше со проектите кои останаа недовршени од СДСМ. Без резултати власта прибегнува кон лаги и спинови“, рече Филипче.

„Кога се нема резултати, кога неспособноста се гледа, се прибегнува кон спинови, лаги и црни кампањи. Секој ден ја гледаме црната кампања против опозицијата и измислени афери што им се распаднаа, беа хибридни напади, дронови, сега стикови. Никако да разберат дека се прочитани и граѓаните веќе не им веруваат“, рече Филипче.

„Но, ниту јас, ниту СДСМ нема да влеземе во калта во која тие се чувствуваат комотно“, потенцирше тој.

„Ќе продолжиме да ја разобличуваме лажната и лицемерна власт, но уште повеќе ќе зборуваме за реалните проблеми на луѓето. Тоа е нашата борба, за поголеми плати на работниците, за 500 евра минимална плата, за поголеми пензии, за земјоделците, за докторите, за наставниците младите, за Европа.“, рече Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, вечерва во Валандово.

Можеби ќе ве интересира

Филипче од Валандово: Во време на најтешки кризи, СДСМ покажа дека може, платите растеа 7 години по ред

ДЕСК

Синоптичарите објавија нови прогнози: Какво ќе биде времето утре?

ДЕСК

Каква е состојбата на патиштата вечерва?

ДЕСК
error: Соддржината е заштитена.