7. октомври 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Филипче со моќна порака до Христијан Мицкоски

„Од овде од Гевгелија имам една порака за Мицкоски: Македонија не е твој експеримент ниту твој вилает. Македонија е нашата татковина, наш дом и ние ќе се избориме за него,“ порача претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче, вечерва од граѓанската трибина „Се бориме за нашиот дом“ во Гевгелија.

Филипче истакна дека народот живее тешко, а Владата наместо да му помогне со конкретни мерки и политики за покачување на стандардот, за поголеми плати, функционира како ПР агенција на Мицкоски.

„Престанете да лажете и земете нешто направете. Државата, Владата не е пи-ар агенција на Мицкоски. На народот му е потребна помош. Економијата е во колапс. Индустријата опаѓа, малите бизниси се борат за опстанок, земјоделците се пред банкрот. Работниците немаат со што да го дочекаат крајот на месецот, а лекарите, наставниците, пензионерите, сите се оставени сами на себе, потенцираше Филипче.

Тој оцени дека единствената сила што може повторно да ја исправи државата е СДСМ.

„Ние, социјалдемократите не ги лажевме луѓето туку бевме секогаш тука за нив. И ние повторно сме тука. И повторно ќе ја исправиме државата. Македонија се буди, повторно ќе го вратиме чувството дека власта постои за луѓето, а не за партијата. СДСМ не е само партија, СДСМ е идеја, СДСМ е движење за општество во кое секој човек е важен. И таа идеја повторно се раѓа, во секоја улица, во секое маало, во секое срце што верува дека Македонија не смее да се предаде„ порача претседателот на СДСМ, Венко Филипче вечерва во Гевгелија.

Линк до видео: https://www.youtube.com/watch?v=oyYw2P3zZyI

Можеби ќе ве интересира

Филипче од Валандово: Во време на најтешки кризи, СДСМ покажа дека може, платите растеа 7 години по ред

ДЕСК

Синоптичарите објавија нови прогнози: Какво ќе биде времето утре?

ДЕСК

Каква е состојбата на патиштата вечерва?

ДЕСК
error: Соддржината е заштитена.