Бик
По период на несигурност и финансиски грижи, Биковите конечно ќе почувствуваат стабилност. Есента ќе им донесе можност за напредок на работа или дополнителен извор на приходи. Ќе им се врати самодовербата и ќе уживаат во резултатите од својот труд.
Лав
Лавовите ќе блеснат уште посилно оваа есен. Ќе добијат признание за нешто во што вложиле многу енергија, а тоа ќе им отвори пат кон нови успеси. Во љубовта, хармонијата ќе биде поизразена од претходно.
Вага
Со доаѓањето на есента, Вагите ќе најдат баланс меѓу своите обврски и личните желби. Ќе добијат нови можности за партнерства и соработки што ќе им донесат и финансиски, и емотивни придобивки.
Јарец
Трпението на Јарците конечно ќе биде наградено. После долг период на напор и дисциплина, работите ќе почнат да се движат во нивна корист. Есенските месеци ќе им донесат чувство на сигурност и конкретни резултати во кариерата.