7. октомври 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
-МАКЕДОНИЈА

Филипче од Центар: Во калта на Мицкоски нема да влегувам, ќе продолжам да го разобличувам

Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, д-р Венко Филипче на граѓанската трибина во општина Центар, го коментираше однесувањето на актуелната власт и посочи на негативната кампања која ја води против СДСМ. Според Филипче оваа кампања на ВМРО-ДПМНЕ од првиот ден на власт е одраз на нивната немоќ и неспособност.

„Сведоци сме на одвратна лажна и црна кампања против СДСМ која ја водат од првиот ден на власт. Оваа мизерна и ниска кампања на ВМРО-ДПМНЕ е одраз на нивната немоќ и неспобност. Но суштина е уште поболна, а тоа е дека тоа е кампања да се прикријат нивните лоши намери за иднината на оваа земја“, рече Филипче.

Тој додаде дека власт која води негативна кампања кон опозицијата, според него, не е само неспособна, туку и дека не се грижи за напредокот на државата, не сака дијалог и не сака компромиси.

„Тоа е власт за која напредокот на државата е непријател. Тоа е власт која се храни и одржува од внатрешни поделби, од сиромаштија која ја контролира со корупција и од хаос во кој се создава апатија. Ова е целта”, нагласи д-р Филипче.

Филипче истакна дека тој нема да влегува во нивната кал, туку ќе продолжи да ги разобличува.

„Но јас во нивната кал нема да влегувам, туку ќе продолжам да ги разобличувам. Нека се препелкаат во национализмот, во лажниот патриотизам и во својата неспособност самите тие”, порача лидерот на СДСМ, д-р Филипче.

Можеби ќе ве интересира

ЗАСТРЕЛАН НОСИТЕЛ НА КАНДИДАТСКА ЛИСТА ЗА СОВЕТНИЦИ: Пукање среде Куманово

ДЕСК

Средба на министерката Божиновска со австриската министерка Клаудија Плаколм и раководството на ЕВН Македонија

ДЕСК

Претреси во домови за стари лица во Скопје под сомненија за нехуман третман

ДЕСК