СВР Скопје поднесе кривична пријава против К.Ч.(51) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „убиство“ во обид и против М.Ч.(58), Ш.Ч.(22), О.Ч.(23) и Б.М.(35), сите од Скопје, поради постоење основи на сомнение за кривично дело „насилство“. На 06.08.2025 во Скопје, пријавените влегле во дворот на Д.Е.(58), каде биле и неговите синови О.Е.(26) и М.Е.(18) од Скопје, физички ги нападнале, при што првопријавениот од пиштол испукал неколку куршуми кон О.Е. и му нанел тешки телесни повреди, соопшти МВР.
