6. октомври 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
-МАКЕДОНИЈА

Трагедија: Во тешка сообраќајка загина младо момче

На 05.10.2025 околу 06:30 часот во ОВР Кичево е пријавено дека на магистралниот пат Кичево-Охрид, над с.Попоец, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „нисан навара“ со струшки регистарски ознаки, управувано од лице(26) од с.Дрслајца, струшко и патничко возило „бмв“ со албански национални ознаки, управувано од лице(50) од с.Грешница, кичевско.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил сопатникот од возилото „бмв“ лице(25) од с.Грешница, кичевско, кој бил пренесен во Медицински центар Кичево, каде што починал.

Лекар констатирал смрт, а по наредба на јавен обвинител телото на починатиот е дадено на обдукција. Извршен е увид од јавен обвинител и увидна екипа од ОВР Кичево.

Можеби ќе ве интересира

Филипче: Кога една власт ја губи довербата од народот, тогаш измислува непријатели

ДЕСК

Тешка сообраќајка во Скопје – има повреден

ДЕСК

Полицијата во акција: Апсења низ Скопје

ДЕСК