6. октомври 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
-МАКЕДОНИЈА

Филипче: Додека СДСМ нуди проекти, ВМРО-ДПМНЕ тоне во безидејност и црна пропаганда

Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, д-р Венко Филипче, на денешната прес-конференција даде оценка за
начинот на водење и динамиката на кампањата за локалните избори, потенцирајќи дека СДСМ води позитивна кампања и така ќе продолжи во следниот период.

„ Социјалдемократскиот сојуз на македонија неговите кандидати водат на навистина позитивна кампања ги презентираме нашите проекти и предлози таму каде што сега немаме на градоначалници, таму каде што имаме кажуваме како сметаме дека треба да продолжи општината да се развива и така ќе продолжиме и во следниот период”, истакна д-р Филипче.

Тој нагласи дека начинот на кој ВМРО-ДПМНЕ ја води кампањата е големо разочарување, со целосна безидејност, лаги и спинување, бидејќи како што рече Филипле „немаат што да покажат ниту пак некој проект со којшто може да се пофалат како го сработиле, ниту на локално ниту на централно ниво”.

Лидерот на СДСМ го изрази своето разочарување и став дека ваквиот пристап и ваква кампања на моменти и црна кампања против опозицијата е навистина несоодветна.

„И вие кога после четири години во општините немате со што да се пофалите ниту пак на централно ниво за некоја политика изминатите година и пол сѐ што ви останува е да се занимавате со опозицијата, да спинувате, да измислувате”, порача д-р Филипле на денешната прес-конференција.

Можеби ќе ве интересира

Филипче: Кога една власт ја губи довербата од народот, тогаш измислува непријатели

ДЕСК

Тешка сообраќајка во Скопје – има повреден

ДЕСК

Полицијата во акција: Апсења низ Скопје

ДЕСК