6. октомври 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
-МАКЕДОНИЈА

Филипче: Очајни се нападите од Мицкоски, човекот нема ни резултати ни капацитет да ја води државата

Претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче, изјави дека спиновите и лагите со кои се служи премиерот и ВМРО-ДПМНЕ изминатиот период се резултат на целосна безидејност и обид да се сокрие неспособноста на власта да испорача резултати.

„Спиновите и лагите со кои што се служи премиерот и ВМРО-ДПМНЕ изминатиот период се резултат на една целосна безидејност што друго да направат. Немаат што да прикажат, немаат сериозен проект се вадат и како алиби го кажуваат тоа дека за некои работи биле потребни децении,“ рече Филипче.

Тој нагласи дека власта бара оправдување затоа што граѓаните гледаат дека нема ништо реализирано, за разлика од конкретните резултати што ги постигна СДСМ во својот мандат.

„Соочени се со тоа што ние го кажуваме што ние сме направиле во нашиот мандат за само година или две. И ако ние сме можеле за две години да ги зголемиме платите на лекарите, да почне зголемувањето на минималната плата која до крајот на мандатот е дуплирана. Платите на докторите до крајот на мандатот за 2,5 пати некаде зголемени, ако сме можеле за само два години од мандатот Социјалната помош да ја зголемиме за 300%, ако сме можеле за само две години да ги решивме 30 -годишните отворени стечајците, тие да се целосно обештетени, зошто тогаш ВМРО-ДПМНЕ бара некакво алиби за тоа дека за некои работи требале децении? Не е тоа вистината. Вистината е дека немаат ниту капацитет, ниту волја, ниту визија како да ја водат државата напред,“ истакна Филипче.

Претседателот на СДСМ додаде дека ваквото однесување станало постојана пракса на власта:

„И во таква ситуација се што прават, спинуваат. Куфери со пари, предавства, поделба на граѓаните. И тоа е нешто што го прават во континуитет, тоа не е нешто ново. Тие, исто како и ланската кампања, и сега ја тераат кампањата. Ама сега водат државата, имаат одговорности, мораа да покажат резултати. Граѓаните гледаат дека нема никаква испорака, се намалуваат платите, се скратија пензиите, просечната плата паѓа 3 месец поред,“ рече Филипче.

Тој потсети дека СДСМ остави функционален и правичен систем за покачување на пензиите кој власта го укина, а со тоа ги оштети пензионерите:

„Ппензионерите наместо 1000 денари зголемување, требаше да имаат 2000, ако го продолжеа нашиот систем на зголемување на пензиите со методологијата, они се одлучија за линарно зголемување. И сега парите се скратија. Предупредувавме дека така ќе биде,“ изјави Филипче.

На крајот, тој упати критика за неконтролираниот раст на цените и неактивноста на Владата:

„Цените се надвор од контрола. Никој не ги контролира цените во маркетите. А има владата механизам да го направи тоа. Ниту една добра мерка која ќе предложиме не ја подржаа. Во таква ситуација барат предавници, го делат народот, а државата стагнира,“ порача претседателот на СДСМ Венко Филипче.

Можеби ќе ве интересира

Филипче: Кога една власт ја губи довербата од народот, тогаш измислува непријатели

ДЕСК

Тешка сообраќајка во Скопје – има повреден

ДЕСК

Полицијата во акција: Апсења низ Скопје

ДЕСК