6. октомври 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

(Видео) Мојсоска: Црната кампања против Левица докажува дека власта се плаши од нашиот раст

Актуелната пратеничка од Левица и кандидат за Градоначалник на Струга, Јована Мојсоска, обвини дека власта води црна кампања против Левица, токму затоа што, како што вели, Левица бележи раст и сѐ поголема поддршка од граѓаните.

„Токму преку Левица во изминатиот мандат беа поднесени бројни иницијативи до Советот на Општина Охрид. За жал, како што се случува и во Собранието поради теснопартиска суета, голем дел од нашите иницијативи беа одбиени и тука во Советот на општина Охрид“, изјави Мојсоска за време на народниот собир во Охрид викендов.

„На овие избори очекуваме дека Левица ќе порасне со бројот на советници и ќе биде фактор, без кој нема да може да се состави мнозинство во советот. На тој начин, единствено ние можеме да истуркаме повеќе проекти кои се дел од програмата на Левица и од интерес на граѓаните на Охрид“, додаде Мојсоска.

Според неа, додека власта води негативна кампања против Левица, на локално ниво, во Советот на Охрид, може да се види дека ВМРО-ДПМНЕ соработува со советниците од ДУИ.

„Додека власта води црна кампања против Левица, тука во советот на Охрид сведочиме како ДПМНЕ е во коалиција токму со советниците од ДУИ, ние сведочиме како градоначалникот Пецаков делеше тендери на локалните шерифи од ДУИ. Но, ваквата црна кампања покажува дека власта се плаши и само го докажува нашиот раст, кој мислам дека ќе кулминира и на овие локални избори“, рече таа./Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

Филипче: Кога една власт ја губи довербата од народот, тогаш измислува непријатели

ДЕСК

Тешка сообраќајка во Скопје – има повреден

ДЕСК

Полицијата во акција: Апсења низ Скопје

ДЕСК