3. октомври 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
-МАКЕДОНИЈА

Филипче: Економијата е во пад, ништо од балканскиот економски тигар на Мицкоски

Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, д-р Венко Филипче, на граѓанската трибина „Се бориме за нашиот дом“, што се одржа во Струга, упати остра критика за економската политика на ВМРО-ДПМНЕ, која доведе до секојдневни негативни економски показатели.

Филипче посочи дека Владата на ВМРО ДПМНЕ не исполни ниту едно ветување за подобрување на економијата и на животниот стандард на граѓаните.

„Христијан Мицкоски ветуваше дека македонската економија ќе била „балкански тигар“, ветуваше повисоки плати, повисоки пензии, нови вработувања. Што гледаме денес? Платите се топат, сметките за струја, за парно растат. Животот на граѓаните е претворен во секојдневни калкулации што да купат, дали да купат или да платат сметките, односно како да го преживеат месецот“, рече Филипче.

Тој додаде дека инфлацијата и натаму ја јаде куповната моќ, а ветената минимална плата од 500 евра сè уште не е реалност.

„Барањата за минимална плата од 500 евра остануваат неисполнети. Само за Мицкоски платите биле доволно високи. За неговиот пулен Трајко Славески оваа сегашна плата и таа била многу. Регионот веќе оди напред, државите преземаат мерки за да си ги заштитат граѓаните. Албанија најави минимална плата од 520 евра, ние останавме на 400 евра“, рече Филипче.

На трибината, Филипче посочи дека секојдневно економските параметри поради лошите политики на власта се негативни. Странските инвестиции се преполовени, статистиката регистрира пад на индустриското производство, за 2,6% е намален бројот на вработени во индустријата. Сето ова , како што кажа Филипче е доказ дека ВМРО ДПМНЕ ја доведе економијата до колапс, што е далеку од нивните ветувања. Со ВМРО ДПМНЕ и на локално и на централно ниво, државата нема иднина, порача претседателот на СДСМ, Венко Филипче.

Можеби ќе ве интересира

Филипче од Струга: Пензионерите се излажани од власта, со моделот на СДСМ ќе добиеја 2.000 денари повеќе

ДЕСК

Филипче: Македонија е нашиот дом, да се избориме за достоинствен живот на граѓаните

ДЕСК

СДСМ: Глас за Љупчо Панукоски е глас за развој на општина Дебрца

ДЕСК