Министрите за финансии на Г7 изјавија дека ќе преземат заеднички чекори за зголемување на притисокот врз Русија, таргетирајќи ги земјите кои продолжуваат да купуваат руска нафта.
Министрите за финансии ја нагласија важноста на трговските мерки, вклучувајќи тарифи и забрани за увоз и извоз, за намалување на руските приходи поради агресијата врз Украина. Заедничката изјава следеше по видеоконференцијата.
САД претходно ги повикаа сојузниците во НАТО да воведат тарифи за земјите кои купуваат руска нафта, како што се Индија и Кина. Додека американскиот претседател Доналд Трамп се воздржа од воведување дополнителни тарифи за Кина, неговата администрација го нападна Њу Делхи со нови тарифи за увоз од Индија.
Членовите на Г7 (САД, Канада, Обединетото Кралство, Франција, Германија, Италија и Јапонија) не ги именуваа Кина или Индија во својата изјава.
„Ќе ги таргетираме оние кои продолжуваат, директно или индиректно, да купуваат руска нафта дури и по инвазијата на Украина“, се вели во соопштението.
„Ќе преземеме конкретни чекори за значително да го намалиме преостанатиот увоз од Русија, вклучително и увозот на јаглеводороди“, се додава во соопштението.
Министрите за надворешни работи на Г7, исто така, рекоа дека сериозно разгледуваат трговски мерки и други ограничувања за државите кои помагаат во финансирањето на воените напори на Русија. Во соопштението не е наведена ниту една земја./Извор:Makfax