Бик
Октомври ќе биде месец на стабилност и награда за Биковите. Ќе се појават нови можности за заработка, особено поврзани со нешто што одамна го работат. Идеите кои беа потценети сега ќе добијат вистинска вредност, а неочекуван бонус или покачување ќе донесе радост.
Лав
За Лавовите, месецот носи светлина и признание. Твоите таленти и труд конечно ќе бидат препознаени, а со тоа ќе дојдат и финансиски придобивки. Можен е успех преку јавност, настап или проект кој ќе го истакне твоето лидерство. Освен пари, ќе почувствуваш и големо лично задоволство.
Вага
Вагите ќе најдат среќа во соработка. Октомври е месец кога партнерствата носат финансиски плод — било деловни, било лични. Со правилен баланс меѓу давање и примање, ќе ти се отвори прилика за приход кој ќе ти ја олесни есента.
Јарец
Твојата упорност конечно ќе биде наградена. Октомври носи завршување на важен проект или добивање потврда за трудот што си го вложил во последните месеци. Пари можат да дојдат преку инвестиција, покачување или неочекувана помош. Ова е месец кога твоите планови ќе почнат да се материјализираат.