1. октомври 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СПОРТ

Mozzart и „ОЦР Кучково 2025“ – каде природата и спортот создаваат непобедливи херои

Трета година по ред, компанијата Mozzart стои зад една од најекстремните и највпечатливи трки во Македонија „ОЦР Кучково 2025“, организирана од Здружението за спортски игри со препреки „ОТАКУ Скопје“.

Овој спортски спектакл, кој важи за еден од најпосетените настани во земјава, повторно блесна во препознатливите сино-жолти бои. 

Лидерот во приредување игри на среќа, и оваа година учествуваше со свој тим од осум натпреварувачи, кои храбро се соочија со предизвиците на патеката и го оправдаа слоганот на тимот “Непобедливи”.

Оваа година ги имавме сите услови за најдобрата OCR трка досега – кал, дожд и препреки изработени по највисоки стандарди за овој спорт, кон кои целиме уште од првата OCR трка во Леуново. Горди сме што по петти пат ја организиравме оваа спортска приказна, и тоа првпат како дел од Светската и Европската OCR федерација. Во патеката и препреките вложивме многу труд за да им понудиме на учесниците вистинско искуство исполнето со предизвици и силни емоции. Ова е можеби најтешката трка во Македонија како од тркачки така и од логистички план. Искрена благодарност до нашиот главен спонзор Mozzart, без кого оваа трка немаше да биде возможна, како и до клубовите и заедницата што се со нас од првиот ден”, изјави Марија Алексова, претседател на здружението „ОТАКУ Скопје“.

По завршувањето на трката, вработените од Mozzart организираа еко-акција за чистење на излетничкото место, со што уште еднаш го потврдија својот ангажман за зачувување на природата и подигнување на еколошката свест кај граѓаните.

Ова е трета година по ред како ја поддржуваме трката ОЦР Кучково 2025. Без сомнение ќе кажам дека ова е еден од најубавите спортски настани кај нас, каде владее натпреварувачки дух но и многу дружба. Под слоганот ‘Непобедливи’, за нашиот тим се натпреваруваа осум тркачи. Покрај поддршката на трката, реализирана беше и еко акција за чистење на излетничкото место каде се одржуваше трката. Ваквите и слични настани секогаш ќе ја имаат поддршката од нашата компанија”, изјави Ивана Стефановска Крстевска од Mozzart.

Со активно учество и поддршка на вакви иницијативи, Mozzart не само што го зајакнува тимскиот дух меѓу вработените, туку и го потврдува значењето на слоганот – Непобедливи.

Можеби ќе ве интересира

Mozzart ја пишува спортската приказна – нов терен за идните шампиони во Свети Николе

ДЕСК

Драматичен финиш: ШК Алкалоид повторно Шампион, ШК Мулти Есенс непоразен до второто место!

ДЕСК

Лазим Дестани: Во спортот нема простор за говор на омраза

ДЕСК