ПАУШАЛНОТО НЕ ЗНАЧИ НЕОТЧИТАНО: Дигитализација и паметни броила за поголема доверба.
-Децении наназад еродираше довербата во институциите. Таму каде што нема доверба, цвета сомнежот. Во нашиот случај тоа се гледа преку прашањата: „Дали броилото мери“, „Дали сметката е точна“. Излезот од ваквиот сомнеж кај дел од граѓаните не се ad-hoc мерки, туку она што самото по себе се наметнува во ова ново, бинарно, 1-0 време. Тоа е дигитализација која треба да биде системска, проверлива, транспарентна. Затоа, најавата за воведување на паметни броила e алатка што носи далечинско отчитување, траги од податоци и нивна споредливост, пишува Pari.com.mk.
„Причината за оваа промена е да се воспостават современи технологии кои овозможуваат далечинско отчитување на потрошувачката на електрична енергија, што ја зголемува прецизноста во мерењето, ја намалува потребата од физичко инспектирање и ја подобрува енергетската ефикасност и управување со потрошувачката. Исто така, со паметните броила ќе се овозможи подобра контрола и транспарентност на пазарот на електрична енергија, како и поддршка на европските стандарди и политики за чиста и зелена енергија. Тоа воопшто не значи дека постојните броила не се точни и не се добри, туку тоа значи дека се појавува нова технолошка генерација на броила, подобра од постојната.“ – вели Професор д-р Арсен Арсенов.
Целиот текст прочитајте го на Pari.com.mk