Премиерот Христијан Мицкоски, денес, одговарајќи на новинарско прашање во однос на најновата сторија на ИРЛ, која споменува вмешаност на даночни инспектори во случајот во Кочани, а не биле опфатени во обвинението, изјави:
„Благодарам, се разбира дека случајот го води Обвинителството. Јавниот државен обвинител Коцевски, таму видовте и вие, изминатиов период дванаесетина обвинители беа тие што работеа на овој случај. Ако е прашањето дали сум задоволен од работата на Обвинителството, мојот одговор ќе биде – не сум задоволен. И токму тоа беше причината зошто поддржувме во парламентот смена на Коцевски. А зошто СДСМ и ДУИ не ја поддржаа смената на Коцевски, тоа е друго прашање. Така што секој оној што на каков било начин и во каква било форма има каква било поврзаност со овој случај треба да биде изведен пред лицето на правдата“./Извор:Makfax