Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Шукова најави нов систем за собирање отпад и двојно повеќе контејнери во Скопје

Кандидатката за градоначалник на Скопје од СДСМ, Каја Шукова, денеска најави целосна реформа на системот за собирање отпад во главниот град.

„Ќе воведеме паметен систем по теркот на европските градови – со нова механизација и GPS рутирање на возилата, за точно да се знае каде е полно и каде треба да се собира отпадот. Ова ќе биде систем без импровизации и без доцнења“, порача Шукова.

Дополнително, најави двојно зголемување на бројот на контејнери во сите скопски населби, со цел подобра покриеност и хигиена.

Според неа, хаосот во Скопје е резултат на четиригодишната блокада и саботажа од ВМРО-ДПМНЕ, кои го контролирале ЈП Комунална хигиена и го оставиле градот да „скапува во смет и депонии“.

Можеби ќе ве интересира

ЕВРОПСКИ ПАРИ ЗА ЗДРАВСТВЕНА ОПРЕМА – Четири здравствени дома добиваат амбулантни возила

ДЕСК

ВОЗАЧИ, ОСТАНУВААТ УШТЕ ШЕСТ ДЕНА – Од 15 ноември задолжителна е зимската опрема, еве што мора да имате

ДЕСК

19 КРИВИЧНИ ДЕЛА ЗА ЕДНО ДЕНОНОЌИЕ – Полицијата приведе 17 лица поради опасно возење

ДЕСК