14. септември 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Зеленски: Русија ја шири војната, Западот мора превентивно да делува

Украинскиот претседател Володимир Зеленски ја обвини Русија за проширување на војната по нарушувањето на воздушните простори на Полска и Романија.

„Русија точно знае каде летаат нејзините дронови – ова не е грешка на пониски команданти. Очигледно ja шират војната“, порача Зеленски на Телеграм, додавајќи дека тоа бара превентивно дејствување на Западот.

Тој повторно повика на заострување на санкциите и тарифите кон руската трговија и намалување на увозот на руска нафта. Зеленски го поздрави предлогот на американскиот претседател Доналд Трамп за координирано дејствување и апелираше: „Не чекајте десетици дронови и проектили за да донесете одлуки. Престанете да барате изговори.“/Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

Напад со дрон предизвика пожар во втората најголема рафинерија во Русија

C +

Како ќе реагира Европа на ултиматумот на Трамп

C +

Експлозија во кафуле во Мадрид, 14 повредени

C +