Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Напад со дрон предизвика пожар во втората најголема рафинерија во Русија

Во рафинеријата за нафта во Кириќи, на северозападот на Русија, изби пожар по пад на остатоци од соборен дрон, соопшти гувернерот на Ленинградската област, Александар Дрозденко.

Тој потврди дека пожарот е изгаснат и дека нема повредени.

Рафинеријата „Кинеф“ на Сургутнефтегаз во Кириќи е една од двете најголеми во Русија. Годишно преработува околу 17,7 милиони тони сурова нафта (околу 355.000 барели дневно), што претставува 6,4% од вкупното производство во земјата./Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

Американците без плата, откажани летови: владата на САД е во блокада веќе 36 дена

C +

Русија до украинските војници во Покровск и Купјанск: „Опкружени сте, предајте се“

C +

Путин: Почна сериското производство на „Орешник“

C +