5. септември 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
-МАКЕДОНИЈА

Тошковски: Граѓаните заслужуваат полиција која ќе се грижи за нивната безбедност и благосостојба, силно ќе се бори против криминалот, ослободена од политички и други влијанија

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски заедно со раководството на министерството и полицијата учествуваше на семинар за професионалност и оперативна независност во рамки на проектот „Промоција на интегритет и добро управување во земјите на Западен Балкан“ под покровителство на Центарот за интегритет во одбранбениот сектор на Кралството Норвешка (CIDS). Главна цел е унапредување во менаџирањето на полицијата и безбедноста на граѓаните во насока на балансирање на професионализмот и оперативната независност со политичкото влијание и пристапи кои не се засновани на заслуги. Главната цел е дефинирање на стратешки комуникациски модел кој ја исполнува улогата на политички надзор на МВР врз полицијата, почитувајќи на нејзината независност.

„Секојдневно треба да се реформираме и унапредуваме со една јасна цел, градење на модерна европска полиција која ќе ја гарантира безбедноста и благосостојбата на сите свои граѓани, ќе се бори со сите видови криминал ослободена од било какви притисоци и влијанија.“, потенцираше министерот Тошковски.

Можеби ќе ве интересира

Шукова: Го повикувам Орце Ѓоргиевски на јавно соочување за Вардариште

C +

Законот е јасен: АНБ ги декласифицира документите!

C +

Нема активни пожари во државата, еден под контрола, изгаснати 22

C +