28. август 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Ракетен напад врз Киев – има загинати и многу повредени

Украинскиот претседател Володимир Зеленски соопшти дека најмалку осум лица, меѓу кои и едно дете, ги загубиле животите во ракетен напад врз главниот град Киев изминатата ноќ.

Преку објава на социјалната мрежа X, Зеленски информираше дека екипите за итни интервенции работат на расчистување на урнатините од погодена станбена зграда, а потрагата по преживеани продолжува.

„Ова е уште еден масовен удар врз нашите градови. Потврдено е дека осум лица се убиени, а десетици се повредени. Сè уште има можност луѓе да се наоѓаат под рушевините“, порача Зеленски.

Министерот за внатрешни работи на Украина, Игор Клименко, преку Телеграм порача дека ноќта била исклучително тешка за Киев.

„Службите за итни случаи работат на теренот каде што беше извршен комбиниран напад. За жал, има загинати – четири лица, меѓу кои и две деца“, напиша Клименко.

Повеќе од 20 погодени локации
Нападот остави траги на повеќе од дваесет различни локации во главниот град. Погодени биле населбите Дарница, Дњепровски, Соломјански, Шевченковски, Голосеивски, Оболонски и Десњански, каде што жителите поминале ноќ под аларми и експлозии.

Можеби ќе ве интересира

Масакр во САД: Пукање во училиште – има загинати и многу повредени

ДЕСК

Нуклеарните инспектори на ОН пристигнаа во Иран за прв пат по израелскиот напад

C +

Кремљ: Ги поддржуваме мировните напори на Трамп, но ги отфрламе гаранциите на ЕУ за Украина

C +