27. август 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Германски „еврофајтери“ пресретнаа руски авион над Балтичкото Море

Германски борбени авиони беа испратени вчера за да пресретнат руски извидувачки авион „ил-20“ над Балтичкото Море, објави „Дојче веле“ (DW). Двата авиона „еврофајтер“ полетаа од воздухопловната база Росток-Лаге во Германија откога рускиот авион беше забележан со исклучени транспондери и без поднесен план за лет.

Не беа дадени детали за точната локација на средбата или колку долго траела. Ова е десетти ваков инцидент со германски авиони од почетокот на 2025 година. Во претходните инциденти руски авиони полетаа од Калининград упатувајќи се кон запад во меѓународен воздушен простор во близина на Полска, Германија, Шведска и Данска.

Руските авиони често летаат без да користат транспондери, не поднесуваат планови за лет и не воспоставуваат контакт со регионалната контрола на воздушниот сообраќај, модел што претставниците на НАТО долго време го опишуваат како однесување со висок ризик, според медиумот.

Истиот медиум анализира дека европските сојузници постојано предупредуваат дека континуираните воздушни провокации на Русија би можеле да доведат до опасна ескалација доколку не се реагира./Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

Масакр во САД: Пукање во училиште – има загинати и многу повредени

ДЕСК

Нуклеарните инспектори на ОН пристигнаа во Иран за прв пат по израелскиот напад

C +

Кремљ: Ги поддржуваме мировните напори на Трамп, но ги отфрламе гаранциите на ЕУ за Украина

C +