27. август 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Човекот на Трамп за Блискиот Исток: Очекуваме војната во Газа да заврши до крајот на годината

Американскиот претседател Доналд Трамп денес ќе претседава со состанок за Газа во Белата куќа, објави специјалниот претставник на САД за Блискиот Исток, Стив Виткоф, додавајќи дека Вашингтон очекува војната на Израел на палестинските територии да биде решена до крајот на годината.

Американскиот Стејт департмент одделно објави дека државниот секретар Марко Рубио денес ќе се сретне со израелскиот министер за надворешни работи, Гидеон Саар, во Вашингтон.

Трамп вети брз крај на војната во Газа за време на изборната кампања во САД во 2024 година, но речиси седум месеци по почетокот на неговиот мандат, таа наведена цел останува недостижна.

Мандатот на Трамп започна со двомесечно примирје кое заврши кога израелските сили убија околу 400 Палестинци во нападите на 18 март.

Во последните недели, сликите од гладни Палестинци во Газа, вклучувајќи и деца, го шокираа светот и предизвикаа критики кон Израел за влошување на веќе ужасните услови во кои живеат цивилите.

Меѓународната осуда уследи и по најновиот напад врз болницата Насер во јужниот дел на Појасот Газа во понеделник, во кој израелските сили убија најмалку 20 лица, вклучувајќи пет новинари, медицински персонал и тешко болни пациенти.

„Нивото на насилство врз Палестинците е неверојатно, а она што се случи во болницата беше масакр во живо“, изјави Франческа Албанезе, специјална известувачка на ОН за палестинските територии, по нападот врз болницата./Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

Масакр во САД: Пукање во училиште – има загинати и многу повредени

ДЕСК

Нуклеарните инспектори на ОН пристигнаа во Иран за прв пат по израелскиот напад

C +

Кремљ: Ги поддржуваме мировните напори на Трамп, но ги отфрламе гаранциите на ЕУ за Украина

C +