Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
фотографијата е илустративна / Pixabay
-МАКЕДОНИЈА

Трагедија: Почина маж – откако бил прегазен со возило, а возачот побегнал – па се вратил без кола

Лишен од слобода возач во Кичево, со возило удрил во пешак и го напуштил местото, пешакот подоцна починал.

На 25.08.2025 во 09:20 часот во Кичево, полициски службеници од ОВР Кичево лишиле од слобода лице(18) од Кичево. Имено, околу 06:.55 часот на пешачки премин на бул.„Ослободување“, тој со патничко возило „цитроен саксо“ со кичевски регистарски ознаки, кое го управувал, урил во пешакот С.Ш.(82) од Кичево и го напуштил местото, но во 07.10 часот се вратил без возилото. Притоа, пешакот С.Ш. се здобил со тешки тешки телесни повреди и по укажаната помош во болницата во Кичево, поради сериозноста на повредите, бил пренесен во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ во Скопје каде што во 21:00 часот починал.

Лицето било задржано во полициска станица и по целосно расчистување и документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Можеби ќе ве интересира

Во тек се активности за втора фаза, бетонирање на темели за семафоризација на крстосницата на улица “Васко Карангелевски”

ДЕСК

Тешка сообраќајка меѓу трактор и фолксваген – има повредени

ДЕСК

Тешка сообраќајка меѓу камион и автомобил на автопатот Пријателство – има повредени

ДЕСК