25. август 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Израел мора да се согласи на договор за ослободување на заложниците, тврди шефот на израелската армија

Според извештаите на израелските медиуми, началникот на Генералштабот на Израелските одбранбени сили (ИДФ) изјави дека е на маса договор за ослободување на преостанатите заложници во Газа. Генерал-потполковник Ејал Замир наводно изјавил дека војската создала услови за договор, кој сега е „во рацете на премиерот Бенјамин Нетанјаху“, пишува „Би-би-си њуз“.

Се очекува утре израелскиот кабинет за безбедност да го разгледа најновиот предлог на регионалните медијатори, кој Хамас го прифати минатата недела.

Ситуацијата следуваше по масовните протести низ Израел, каде што стотици илјади луѓе се собраа во Тел Авив за да побараат крај на војната и итен договор за ослободување на заложниците. Форумот на семејства на заложници и исчезнати лица изјави дека Замир го изразил „она што го бара мнозинството Израелци“, а тоа е враќање на сите 50 преостанати заложници, од кои 20 се наводно живи, и крај на војната.

Групата најави нови масовни протести за вторник.

Детали за предлогот за прекин на огнот

Најновиот предлог, подготвен од медијатори од Египет и од Катар, наводно се базира на рамка презентирана во јуни од американскиот претставник Стив Виткоф. Според планот, Хамас би ослободил речиси половина од заложниците во две фази за време на почетното 60-дневно примирје додека би се воделе преговори за трајно примирје.

Канцеларијата на премиерот Нетанјаху претходно инсистира дека Израел би го прифатил договорот само ако „сите заложници бидат ослободени одеднаш“.

Офанзивата во Газа продолжува

Во меѓувреме, израелската војска ги продолжува своите операции. Во саботата авиони и тенкови бомбардираа делови од градот Газа како дел од планот за освојување на најголемиот урбан центар на територијата. Премиерот Бенјамин Нетанјаху вети дека ќе го победи Хамас и покрај критиките од меѓународната заедница и наводно од самиот Замир. Според израелските медиуми, Замир се спротивставил на целосна окупација од страв дека тоа ќе ги загрози животите на заложниците и ќе ја турне исцрпената армија подлабоко во Газа.

Планираната офанзива би можела насилно да премести еден милион луѓе од градот Газа во кампови на југ, но Израел сè уште не објавил прецизен распоред за влегувањето на трупите. Според Обединетите нации, најмалку 1,9 милион луѓе во Газа, речиси 90 % од населението, веќе се раселени./Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

Падна хеликоптер: Голем број служби за итни случаи на лице место – детали за драмата на островот Вајт

ДЕСК

Остатоците од ураганот Ерин се движат кон Западна Европа, можни се бури и бранови до 12 метри

C +

Основачот на „Телеграм“: Франција го уништи својот углед како слободна земја

C +