22. август 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Османи: Преку Филков, Мицкоски пушти пробен балон, стратегијата е да се демонтира Охридскиот договор

– Не мислам дека изјавата на премиерот е лапсус или случајност. Мислам дека тоа е стратегија на премиерот, кој им наредува на министрите да даваат изјави како пробен балон, да го нормализираат како тема, а потоа излегува со празни негирања. Тоа е дел од стратегијата за демонтирање на Охридскиот договор, изјави Бујар Османи.

– Шокантно е молчењето на ВЛЕН кон таква опасна акција, кон отворање на оваа опасна дебата и останувањето во скутот на ВМРО и покрај фактот дека се гледа дека постои план за демонтирање на Охридскиот договор. Албанците нема да дозволат демонтирање на Охридскиот договор, нема да дозволат поништување на нивниот државотворен статус и трансформација во малцинство, враќање на мајоризацијата. Оваа акција не најде обединети, како што сме денес, но ќе не најде обединети и во превенцијата. Ги повикувам и Македонците, Турците, Ромите и Бошњаците да не дозволат клептократска влада, облечена во маската на национализмот, да презема акции што ќе го загрозат мирот, стабилноста и европската перспектива на нејзините граѓани. Нема да дозволиме Охридскиот договор да биде допрен, рече Османи.

– Тоа е во директна спротивност со извршната наредба на американскиот претседател, кој го смета доведувањето во прашање на Охридскиот договор за антиамерикански интерес. И оваа изјава, која мислам дека е наредена од Советот на министри затоа што министерот не може сам да даде изјава. Нарачана е од премиерот, за потоа да може да излезе и да ја негира, но да се разговараа за темава и да се нормализира, како што беше со балансерот, со албанскиот јазик, со непочитувањето на волјата на граѓаните, да се излезе полека, да се донесе одлука преку ноќ, тоа не поминува.

Националната Алијанса за Интеграција беше формирана за оваа цел. Затоа, претстојните избори не се само локални избори, тие се референдум, за да се зачува еднаквоста, Охридскиот договор, европската перспектива, и нема да дозволиме да станеме мајоризирано малцинство како што беше пред 2001 година, додаде Османи.

Можеби ќе ве интересира

Додека бил на преглед му се слошило и починал во градска – наредена обдукција

ДЕСК

Исчезна пензионерка до Скопје, полицијата во потрага

ДЕСК

Скопјанка на возраст од 20 години агресивно се однесувала кон полицајци во 3 по полноќ, веднаш е приведена

ДЕСК