Centar.mk
-МАКЕДОНИЈА

Бујар Османи: Општината нема да зависи само од буџетот, туку и од милионите на Европската Унија

Кандидатот за градоначалник, Бујар Османи, во изјава за медиумите истакна дека неговата најголема предност во оваа трка е способноста да обезбеди нови средства и да не се потпира единствено на општинскиот буџет.

„Јас имам широка мрежа контакти изградена за време на мојата кариера, како и директно искуство со фондовите на Европската Унија. Бев три години национален координатор за ИПА фондовите и исто така национален координатор за капитални инвестиции. Го познавам процесот одблизу, бидејќи сите барања на општините поминуваа низ моите раце за подготовка на досиејата. Многу често, милиони евра беа одбиени или вратени назад од ЕУ, единствено затоа што општините немаат капацитет да ги подготват проектите,“ изјави Османи.

Тој додаде дека благодарение на своето искуство и меѓународни контакти, општината ќе има можност да ангажира експерти однадвор и да обезбеди милиони евра од Европската Унија:
„Мојата предност е што оваа општина нема да зависи само од својот буџет, туку и од милионите евра што ќе можеме да ги обезбедиме преку проектите на ЕУ. Денес, овие меѓународни контакти се капитал што доаѓа во помош благодарение на односите што сум ги изградил со години.“

На крајот, Османи ги отфрли сите алузии за наводни финансиски договори:

„Нема никакви тајни финансиски договори. Архитектот од Мексико, Мишел Ројкинд, е ангажиран единствено за да донесе идеи и да помогне со своето професионално искуство. Ние сме пријатели долго време, се запознавме за време на моите меѓународни активности и тој прифати да ме поддржи единствено од таа причина – како пријател. Веќе повеќе од еден месец тој работи на развојниот план, бидејќи јас не сакам да работам без план. Сакам од првиот ден да се знае каде ќе стигне оваа работа по пет години – не како мојот противкандидат, кој дури по дваесет години сега се обидува да направи план.“

Можеби ќе ве интересира

Жерновски: Власта продава лажен патриотизам, со една рака мавта со знамето дека се Македонци, со другата краде колку што може да се украде

C +

Мицкоски: Повеќе од една милијарда е инвестирано во автопатот Кичево-Охрид, очекувам да биде завршен најдоцна до првиот квартал 2027 година

C +

Од 13 анализирани пациенти, кај деветмина се утврдени сомнителни наоди во скандалот со непотребни операции

C +