20. август 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ВОЈНА ВО УКРАИНАСВЕТ

Трамп: Можеме да обезбедиме воздушна поддршка за Украина

Aмериканскиот претседател Доналд Трамп денес изјави дека ја исклучил можноста за испраќање американски трупи на терен во Украина, но дека Соединетите Држави би можеле да обезбедат воздушна поддршка како дел од договорот за завршување на војната во таа земја.

По итниот самит во Белата куќа на кој се зборуваше за безбедносни гаранции за помош во завршувањето на војната, патот кон мирот сè уште е неизвесен додека САД и сојузниците се подготвуваат да разјаснат што би можела да вклучува воената поддршка за Украина.

„Кога станува збор за безбедноста, Европа е подготвена да испрати луѓе на терен. Подготвени сме да им помогнеме со ресурси, особено, веројатно со воздушни средства“, рече Трамп во интервју за „Фокс њуз“.

Трамп не даде повеќе детали. Подоцна, во интервју со радио водителот Марк Левин, Трамп својот преговарачки стил во обидот за завршување на војната го опиша како „веројатно повеќе инстинкт отколку процес“./Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

Неидентификуван објект експлодира на поле со пченка во Полска, локалните куќи оштетени

C +

Туск остро ја критикува идејата за мировните преговори да се одржат во Будимпешта

C +

Велика Британија: Подготвени сме да го браниме украинското небо

C +