19. август 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Швајцарија планира укинување на даночната казна за брак

Швајцарија планира да го укине системот на заедничко даночење брачни парови, кој често доведува до повисоки даноци отколку за невенчани двојки.

Поддржувачите велат дека оваа промена ќе поттикне повеќе жени да работат и ќе ја усогласи земјата со практиките на повеќето држави од ОЕЦД.

Сепак, конзервативните партии и црковните групи најавуваат иницијатива за референдум тврдејќи дека реформата ги казнува семејствата со еден примател на приход и би создала милион дополнителни даночни пријави.

Владата проценува дека половина од граѓаните би имале корист, 14 проценти би биле во полоша положба, а годишните приходи од даноци би се намалиле за речиси една милијарда франци./Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

Швајцарија му нуди имунитет на Путин ако дојде на мировна конференција

C +

Орбан: Само Трамп и Путин можат да го намалат ризикот од Трета светска војна

C +

Каја Калас: На Путин не може да му се верува

C +