19. август 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
фотографијата е илустративна / Pixabay
-МАКЕДОНИЈА

Страотна сообраќајка на патот Охрид – Кичево, автомобил здробен при судир со камион, има тешко повредени

На 18.08.2025 во 17:10 часот во СВР Охрид било пријавено дека на магистралниот пат Охрид-Кичево, после влез за с.Ботун, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „фолксваген пасат“ со прилепски регистарски ознаки, управувано од В.Д.Д.Ф.(50) од Холандија, товарно возило „ман“ со приклучно возило „кроне“ со скопски регистарски ознаки, управувано од О.Р.(25) од с.Студеничани, скопско, патничко возило „мицубиши“ со скопски регистарски ознаки, управувано од З.Ч.(74) од Скопје и патничко возило „рено“ со охридски регистарски ознаки, управувано од Г.Т.(48) од с.Лескоец, охридско. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобиле возачот З.Ч. и неговата сопатничка М.Д.Ч.(71), додека со телесни повреди се здобила сопатничката од патничкото возило „рено“, В.Т.(48) од с.Лескоец, охридско, констатирани во Специјалната болница „Св.Еразмо“ во Охрид.

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Охрид.

Можеби ќе ве интересира

Царинска управа: Запленети 78 кг тутун за наргиле, поднесена кривична пријава до ОЈО

ДЕСК

ДЕТАЛИ ЗА ТРАГЕДИЈАТА БЛИЗУ РЕСЕН: Двајца загинаа, има повредени – МВР соопшти целосна информација

ДЕСК

Среде бел ден во Скопје ограбена филијала за брзи кредити, непознато лице ги собрало парите

ДЕСК