19. август 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
-МАКЕДОНИЈА

ДЕТАЛИ ЗА ТРАГЕДИЈАТА БЛИЗУ РЕСЕН: Двајца загинаа, има повредени – МВР соопшти целосна информација

На 18.08.2025 околу 12:50 часот во Полициската станица Ресен било пријавено дека на магистралниот пат Ресен-Битола, на место викано „Слечиште“, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „опел астра“ со охридски регистарски ознаки, управувано од П.Н.(20) од Охрид и патничко возило „мерцедес“ со германски национални ознаки, управувано од П.К.(52) од Сојузна Република Германија.

Од здобиените повреди, на местото на настанот починал возачот П.К., а лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт.

Возачот П.Н. и неговиот сопатник Д.С.(19) од с.Лескоец, охридско, биле пренесени во Клиничката болница Битола, каде што кај П.Н. лекар констатирал смрт, додека кај Д.С. биле констатирани тешки телесни повреди. Извршен е увид од јавен обвинител и увидна екипа од ОВР Ресен.

Можеби ќе ве интересира

Царинска управа: Запленети 78 кг тутун за наргиле, поднесена кривична пријава до ОЈО

ДЕСК

Страотна сообраќајка на патот Охрид – Кичево, автомобил здробен при судир со камион, има тешко повредени

ДЕСК

Среде бел ден во Скопје ограбена филијала за брзи кредити, непознато лице ги собрало парите

ДЕСК