19. август 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
-МАКЕДОНИЈА

Царинска управа: Запленети 78 кг тутун за наргиле, поднесена кривична пријава до ОЈО

Царинската управа заплени 78 килограми тутун за наргиле со пазарна вредност од 810.698 денари. Против едно лице е поднесена кривична пријава до надлежното Основно јавно обвинителство поради основано сомневање за сторено кривично дело криумчарење и спречување службено лице во вршење службено дејствие, казниви по Кривичниот законик.

Случајот е откриен на влез во државата, на граничниот премин Блаце, при контрола на автомобил управуван од македонски државјанин. Лицето, со намера незаконски да ја избегне царинската контрола, одбило да го запре возилото пред царинскиот службеник и со зголемена брзина се упатило кон рампата, со што го попречило во извршување на службеното дејствие.

При запирањето на возилото, истото било селектирано за детална контрола, при што биле пронајдени 13 кутии со 312 лименки со вкупно 78 килограми тутун за наргиле. Со ова е спречен обид за пуштање во промет на акцизна стока за која не биле платени давачки во висина од 508.048 денари.

Случајот е предаден на Одделението за истраги при Секторот за контрола и истраги, кое по преземените предистражни дејствија поднесе кривична пријава до надлежното обвинителство.

Можеби ќе ве интересира

Тешка сообраќајка на пат на Плачковица – има повредени

ДЕСК

Битиќи: Концесијата дадена од ВМРО-ДПМНЕ, симбол на криминал и коруптивни зделки, падна на арбитража. Државата ја доби битката, нема да плати штета од 115 милиони евра

ДЕСК

Се апсеше на повеќе локации низ Скопје

ДЕСК