19. август 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МОЗАИК

Желбата на секој патник бајковитата Кападокија се најде и во водичот „MICHELIN“

Импресивна бројка од 4,37 милиони туристи ги посетиле музеите и археолошките локалитети во Кападокија во Туркије во текот на минатата година. Да се возат со балони на топол воздух, пак, популарна атракција на изгрејсонце, лани посакале рекордни 933.000 посетители. Овој регион, покрај тоа што е познат по своите самовилски оџаци, пештерските хотели и подземните градови, од неодамна доби уште едно признание – храната која таму се подготвува се најде во водичот „MICHELIN“. Кулинарското наследство е карактеристика поради која Кападокија е привлечна за туристите од целиот свет, особено за оние од Европа, Северна Америка и Далечниот Исток, а со новото признание од „MICHELIN“, регионот очекува нов бран гастрономски патници.

Оние што не пробале тести ќебап, не треба да го прескокнат ова искуство. Во ресторан, келнерот носи жежок глинен сад, го крши, истурајќи вкусно јадење кое се готвело со часови. Во регионот се служат и други специјалитети со месо, зготвено бавно во тандурските печки. Пожелно е да се пробаат и познатите кајсериски манти, односно кнедли, кои таму се подготвуваат толку мали, што на една лажица можат да се соберат 40 парчиња, прелиени со јогурт и растопен путер. Оние кои преферираат супа, можат да пробаат Ургуп тарана, направена со јогурт, кршена пченица и наут. Има уште неколку предлози за локални јадења, на пример кајиси јаниси – мешавина од суви кајсии и месо варено на шпорет на дрва, зердели пилав – миризливо јадење од ориз со меласа од грозје, бадеми и суво грозје, дуња полнета со мелено месо, ореви и зачини, како и агпакла – чорба од бел грав и месо зготвена во глинен сад.

За љубителите на десерти, пак, се препорачуваат смокви зготвени во путер, десерт од тиква, турски локум со грозје, куру кајмак со органски мед, како и алва од брашно со путер. Не треба да се заборави и дамат баклавата, но и да не се претерува во нејзината консумација.

За вкусот на локалните вина што се служат во тој регион, доволно е да се каже дека Кападокија има долгогодишна историја на производство на вино, што датира од времето на првите христијански монаси, за што сведочат и подземните градови и ранохристијанските цркви. Сонцето и плодната вулканска почва создаваат идеални услови за одгледување грозје од повеќе сорти, а препорака е да се вкуси и емир – најпознатото свежо и минерално бело вино на регионот.

Можеби ќе ве интересира

ДОАЃА ПРЕСВРТ ОД ГОЛЕМИ РАЗМЕРИ: Четири хороскопски знаци на кои парите и среќата ќе им чукаат на врата во септември

ДЕСК

Дневен хороскоп за 19 август 2025 година

ДЕСК

Дигитална зависност кај младите: „Никој не презема ништо“

C +