Centar.mk
фото илустрација/АИ
РЕГИОН

Ужас во Грција: Луѓе изгореа живи – тројца мртви, двајца тешко повредени – пожарникари на местото на настанот, автопатот блокиран!

Три лица загинаа денес, а две се тешко повредени во судир помеѓу камион и два автомобила на автопатот помеѓу градовите Комотини и Ксанти, во регионот Егнација, објавија грчките медиуми.

По судирот, кој се случил од засега непознати причини, возилата се запалиле, објави Катимерини.

Возачот на камионот исто така е хоспитализиран и се здобил со тешки повреди.

Патниците од другиот автомобил се полесно повредени и се однесени во болница.

22 пожарникари со 9 противпожарни возила интервенирале на местото на настанот, објави весникот.

Полицијата го блокирала автопатот Егнација за сите возила поради несреќата.

Можеби ќе ве интересира

error: Соддржината е заштитена.