Русија се согласува дека секој иден мировен договор за Украина мора да обезбеди безбедносни гаранции за Киев, но на Москва исто така ѝ се потребни веродостојни безбедносни гаранции, рече Михаил Улјанов, претставник на Русија во меѓународните организации во Виена.
„Многу лидери на ЕУ нагласуваат дека идниот мировен договор треба да обезбеди сигурни безбедносни гаранции или гаранции за Украина. Русија се согласува со ова. Но, таа има еднакво право да очекува дека Москва ќе добие и ефикасни безбедносни гаранции“, напиша Улјанов на платформата Икс./Извор:Makfax
НАЈЧИТАНО НА ИНТЕРНЕТ...