5. октомври 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ВОЈНА ВО УКРАИНАСВЕТ

Трамп: Некои работи не се менуваат, нема враќање на Крим и нема приклучување на Украина кон НАТО

Трамп се огласи на својата платформа Truth Social за да го повика украинскиот претседател да постигне договор за прекин на три и полгодишниот конфликт со Русија.

„Претседателот на Украина, Зеленски може да ја заврши војната со Русија речиси веднаш ако сака, или може да продолжи да се бори. Нема враќање на Крим што го даде Обама (пред 12 години, без испукан куршум, и УКРАИНА НЕМА ДА ВЛЕЗЕ ВО НАТО. Некои работи никогаш не се менуваат!!!“, напиша Трамп.

Специјалниот американски пратеник Стив Виткоф изјави за Си-ен-ен во неделата дека Трамп и неговиот руски колега Владимир Путин се согласиле за време на нивниот состанок во Алјаска во петокот за „силни безбедносни гаранции“ за Украина, додавајќи дека гаранциите се „пресвртница“.

Тој, исто така, рече дека Русија направила територијални „отстапки“ во врска со пет украински региони, пред состанокот меѓу Зеленски и европските лидери во Белата куќа во понеделник.

„Русите направија некои отстапки „на масата“ (во Алјаска во петокот) во врска со сите пет региони (на источна Украина). Се води важна дискусија за Донецк и што ќе се случи таму“, рече Виткоф./Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

Масовен руски напад врз Украина, Полска подигна борбени авиони

C +

Турскиот парламент ќе разгледува закон за построги казни за малолетници кои извршуваат тешки кривични дела

C +

Кина ѝ испраќа разузнавачки податоци на Русија за попрецизни напади врз Украина, вели украински разузнавач

C +