17. август 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
-МАКЕДОНИЈА

Трагедија со човечка жртва: Со мотоцикл удрил во автомобил, починал на лице место

На 15.08.2025 во СВР Велес е пријавено дека околу 15:48 часот на регионалниот пат Велес– Градско, наспроти наплатна станица Стоби, мотоцикл со велешки регистарски ознаки, управуван од Д.Н.(52) од Градско, удрил во патничко возило „фолксваген поло“ со велешки регистарски ознаки, кое од страна на Ј.К.(37) од Градско било паркирано надвор од коловозот.

Од здобиените повреди на местото на несреќата починал Д.Н.. Лекар од Итната медицинска помош констатирал смрт, а по наредба на јавен обвинител телото на починатиот било дадено на обдукција.

Извршен е увид од јавен обвинител, во содејство со увидна екипа од СВР Велес.

Можеби ќе ве интересира

НЕВРЕМЕ СО ДОЖД И ГРМЕЖИ НИЗ ЦЕЛА МАКЕДОНИЈА – Метеоцентар со детална прогноза за следните денови

ДЕСК

Полицијата ја спаси жената што се фрли во водите на реката Вардар (ВИДЕО)

ДЕСК

Полицијата трага по исчезнато 19 годишно девојче

ДЕСК