17. август 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
photo created by AI
РЕГИОН

Шестмина припадници на полицијата се повредени за време на синоќешните протести во Србија

Министерот за внатрешни работи на Србија, Ивица Дачиќ изјави дека за време на синоќешните протести имало драстично нарушување на јавниот ред и мир и брутален напад врз полицијата, и дека, според досегашните податоци, повредени се шестмина припадници на полицијата.

„Шест полицајци се повредени, според информациите што ги имаме во моментов, а 38 лица се приведени. Секој можеше да види во преносот во живо дека имало брутален напад врз полицијата, дека демонстрантите дошле со намера да ги нападнат полицајците, да ги повредат“, рече Дачиќ.

Тој изјави дека вечерта немало поддржувачи на Српската напредна партија, што, како што рече, не ги спречило демонстрантите да ги нападнат просториите на таа партија низ цела Србија, и додаде дека на некои места биле нападнати и просториите на Социјалистичката партија на Србија./Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

Дачиќ: Хрват е уапсен за време на протестите, толку за тоа дека овие протести немаат никаква врска со надворешен фактор

C +

Пратеник претепан во Белград: „Ме удираа со шипки по главата“

C +

Албанија размислува за прво министерство управувано од вештачка интелигенција

C +