17. август 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
фото Официјална фоторафија на МВР
-МАКЕДОНИЈА

Полицијата апсеше пијани возачи – еден бил фатен со дури 3,43 промили алкохол во крвта

Лишени од слобода возачи во Кичево, Куманово и Битола, возеле под дејство на алкохол

На 16.08.2025 во 02.30 часот, на улица „Борис Кидрич“ во Кичево, полициски службеници од ОВР Кичево го лишија од слобода лице (26) од кичевското село Зајас. При контрола во патниот сообраќај, полициските службеници од Полициската станица за безбедност на патниот сообраќај Кичево запреле патничко возило „бмв“, кое тој го управувал, и констатирале дека го управувал возилото под дејство на алкохол, односно имал 2,08 промили алкохол во крвта.

На 16.08.2025 околу 04:48 часот во Куманово полициски службеници од СВР Куманово го лишија од слобода лице(34) од Куманово, кој управувал патничко возило „смарт“ со кумановски регистарски ознаки, затоа што при извршена контрола констатирано било дека е под дејство на алкохол, односно му биле измерени 3,43 промили алкохол во крвта.

На 15.08.2025 во 19:36 часот на ул. „Македонска фаланга“ во Битола, полициски службеници од ПС за БПС Битола го лишија од слобода лице (41) од с.Средно Егри, битолско. При контрола во патниот сообраќај, полициските службеници од Полициската станица за безбедност на патниот сообраќај Битола запреле патничко возило „мерцедес“ со битолски регистарски таблици, кое тој го управувал, и констатирале дека го управувал возилото под дејство на алкохол, односно имал 1,68 промили алкохол во крвта.

По целосно документирање на случаите, против нив ќе бидат поднесени соодветни пријави по член 297-а од Кривичниот законик – „безобѕирно управување со моторно возило“.

Можеби ќе ве интересира

НЕВРЕМЕ СО ДОЖД И ГРМЕЖИ НИЗ ЦЕЛА МАКЕДОНИЈА – Метеоцентар со детална прогноза за следните денови

ДЕСК

Полицијата ја спаси жената што се фрли во водите на реката Вардар (ВИДЕО)

ДЕСК

Полицијата трага по исчезнато 19 годишно девојче

ДЕСК