15. август 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
фотографија: Центар.мк
МЕТЕОCENTARМАКЕДОНИЈА

ДОАЃА ОСВЕЖУВАЊЕ СО ПОРОЈНИ ДОЖДОВИ И ГРМЕЖИ: Синоптичарите со неколкудневна прогноза

Следува период на променливо облачно време со сончеви периоди. Во деновите од викендов во попладневните часови ќе има изолирана појава на нестабилност со пороен дожд и грмежи.

Во првите два дена од новата седмица на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и услови за локално невреме со засилен ветер и изолирана појава на град.

Прогноза за 17.08.2025
Минимална температура: 10°C до 20°C
Максимална температура: 29°C до 36°C

Променливо облачно со сончеви периоди. Попладне ќе има изолирана појава на нестабилност со пороен дожд и грмежи. Ќе дува слаб до умерен, а наместа долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец.

Прогноза за 18.08.2025
Минимална температура: 11°C до 21°C
Максимална температура: 28°C до 35°C

Променливо облачно и нестабилно со локален пороен дожд, грмежи и услови за појава на невреме со засилен ветер и изолирана појава на град.

Прогноза за 19.08.2025
Минимална температура: 11°C до 20°C
Максимална температура: 27°C до 34°C

Променливо облачно и нестабилно со локален пороен дожд, грмежи и услови за појава на невреме со засилен ветер и изолирана појава на град.

Можеби ќе ве интересира

ДПИ со контроли за попустите на училишниот прибор, казните за непочитување се од 800 до 10.000 евра

C +

Утре, променливо облачно време, попладне краткотраен дожд и грмежи

C +

ЗНМ алармира: Недостигот на правила за платена политичка реклама во онлајн медиумите создава корупциски ризици

ДЕСК