15. август 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
-МАКЕДОНИЈА

Мицкоски: Расте бројот на туристи што ја посетуваат Македонија

„Ние во првите 6 месеци имаме некаде околу 13,5 проценти раст споредено со претходниот 6 месеци минатата година, а во делот на странски туристи скоро 20 проценти раст“, вели претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Христијан Мицкоски одговарајќи на новинарско прашање.

Премиерот Мицкоски истакна дека со организиран пристап и посветеност се постигнуваат резултати во делот на туризмот.

„Знам што сработивме изминатите 6 месеци за после оваа туристичка сезона која ќе заврши, надвор од туристичката сезона на нашите главни туристички центри повторно ќе имаме гости кои што ќе бидат во бројка од неколку десетици илјади кои што ќе генерираат неколку стотици илјади преноќувања. Зборувам за бројка од 40, 50, 60 илјади гости кои ќе бидат надвор од сезоната и зборувам за бројка од 150, 200, 300 илјади преноќувања, нешто кое што сме го немале во минатото“, рече тој и додаде:

„Така што организираниот пристап дава резултати. Мораме сега да се справуваме и со ова сега кое што се случува околу Охрид, Охридското Езеро и УНЕСКО. Добивме одреден период да она што зависи од нас да го отстраниме недостатоците. Ние веќе формиравме тим. Тој тим ќе почне сериозно да се занимава со оваа проблематика. Така што тоа што како Влада можеме да го правиме, тоа го правиме.“

Можеби ќе ве интересира

Мобилните царински тимови со 199 случаи на заплени во 2025 – Трикратно зголемен број на откриени прекршочни и кривични дела

ДЕСК

Свечено отворање на Dioptra Optic Urban Concept – првиот store-in-store оптички концепт во Македонија

ДЕСК

Нова дигитална платформа за поврзување на МВР и Службен весник за побрзо објавување на изгубени лични документи и вадење нови

ДЕСК