14. август 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
photo created by AI
МАКЕДОНИЈА

МНР чека потврда дали македонски државјанин е меѓу жртвите на тројното убиство во Боливија

Министерството за надворешни работи и надворешна трговија се огласи по објавите во српските медиуми за тројно убиство во Боливија, во кое наводно еден од убиените е македонски државјанин.

Од министерството информираат дека македонската амбасада во Бразил е во постојан контакт со Амбасадата на Боливија во Бразилија.

„За потврда на идентитетот на жртвите се очекува завршување на обдукцијата, која сè уште е во тек. По добивањето на официјална информација од боливиските власти за идентитетот на жртвите и околностите на настанот, Министерството ќе ја информира јавноста“, соопштија од МНР.

Медиумите синоќа објавија дека телата биле пронајдени во црни пластични ќеси. Според неофицијалните информации, тие биле мачени, а потоа и ликвидирани во Боливија, пренесува белградска „Политика“. Убиениот македонски државјанин, како што пишуваат медиумите, е Дејанчо Л. oд Струмица, а уште еден, српски државјанин од Ниш, бил предводник на меѓународна организирана криминална група која се занимавала со дистрибуција на големи количини на кокаин од Јужна Америка на теротории на одредени земји во Западна Европа. Неофицијално дел од медиумите во Србија денеска споменуваат и дека третиот од тројцата убиени бил Бугарин./Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

ПОДГОТВЕТЕ СЕ ЗА ОСВЕЖУВАЊЕТО КОЕ ДОАЃА ВИКЕНДОВ И ЌЕ ТРАЕ – Метеоцентар со детална прогноза за следните денови

ДЕСК

Ивановска се кандидира за градоначалничка на Центар: „Не барам моќ, туку сакам да им ја вратам на граѓаните“

C +

Утре и за време на викендот сончево време

C +